Chip tuning

Chip tuning

Зголемување на снагата на вашиот автомобил + намалена потрошувачка на гориво

Kодирани клучеви

Кодирани клучеви

  • Програмирање на нов клуч/картица за вашето возило
  • Бришење на веке постоечките клучеви/картици во случај на губење
  • Нарачка на LOGIN кодови
  • Синхронизација со имобилазер и репрограмирање на истиот

SRS airbag

SRS Airbag

Сервисирање на SRS AIRBAG контролни единици

Кај новите возила после судар во овластените сервиси обавезна е замена на SRS AIRBAG компјутерот.
BIOS Automotive врши комплетна репарација на истите, проследено со гаранција.

Дигитални километражи

Дигитални километражи

Комплетно репрограмирање и сервис на дигиталните инструмент табли

Engine Control Unit – ECU

Engine Control Unit – ECU

Комплетно сервисирање, репрограмирање, замена и кодирање на моторен компјутер (ECU)

BIOS Automotive

– творец на најбрзите возила во својата класа

Основна дејност на фирмата е специјална електроника која се користи во современите возила.
Моментално на светско ниво автомобилската индустрија е втора индустрија по застапеност на последни достигнувања на полето на електрониката.
Се разбира,сеуште бр.1 е воената индустрија.Но,она што денес е промовирано како најново воено електронско достигнување,веке утре наоѓа примена во автомобилската индустрија.
Она што го користеа Американските специјални сили во Ирак,специјалните електронски визири со кои среде ноќ се гледа како во ден,веке утре го видовме во сеуште актуелната S-класа на МЕРЦЕДЕС.
Таму беше именувано како "Night vision".За GPS-от дури и нема потреба да го споменуваме.


Од 1990 па до ден денешен не постои возило без електроника.Оваа имплементација е отидена толку далеку што веке во современите возила не постои дури ни на сите нас добро познатата “сајла за гас” (механичарски термин) туку сега се прави муабет за “throttle body” со “drive-by-wire” контрола преку моторен компјутер (engine control unit).


Во современите возила дури и од ниската класа веќе се имплементираат повеќе контролни единици (компјутери) кои активно комуницираат преку т.н. CAN линии (Control Area Network).



Ова отиде дури уште подалеку,така да сега веќе се имплементираат повеќе CAN комуникацијски линии со различна брзина на проток на информации во дигитален формат. Неколку години наназад веке стандардно во повисоката класа на возила се користи комуникација преку оптички кабли. Имплементацијата на овие технологии во современите возила се движи со експоненцијална брзина.Не е дури ни тајна дека возилата во последниве 10 години имаат вградено повеќе контролни единици отколку кабли !!!


FERRARI F430 F1 – најбрзото возило на копно

535 hp , 8700 rpm , 520Nm (“коњажа” после BIOS TUNING)

Сеуште не сме сигурни дали ова спаѓа во категорија возила или летала ...?!?

Искуството на пробниот тест не би можел да го издржи некој со слабо срце...

Sea-Doo SPEEDSTER 200 - најбрзото на вода

Speedster

2 мотори ROTAX Bombardier JET - 485hp (“коњи” после BIOS TUNING)

На пробното возење на Охридско езеро не можеше дури ни наочари за сонце да се стават!!!Се од личен прибор мораше да се стави во боксовите специјално предвидени за таа намена.Ако нешто остане надвор на таа брзина, “лета” и може да се најде евентуално со нуркачка опрема!!!

Hummer H2 -најголемото возило на копно

Hummer

6.2 V8 , 445HP , 612Nm (Снага добиена после BIOS TUNING)

Главен проблем со категоризацијата на ова возило беше дали припаѓа на SUV сегментот или треба да се води како камион?!Ретко кој не запраша колку снага сме “извадиле” од оваа верзија на Американскиот сон.Но затоа,буквално секој се интересираше: “КОЛКУ ТРОШИ”?!!!Одговорот беше: “КОЛКУ КЕ СТАВИШ”!

Claas ARES – најсериозно фармерско возило

Ares

За да не се отвори муабет дека во BIOS Automotive се работат само “шминкерски” возила, еве доказ дека тоа не е така!