Tuning во 9 чекори
Возилото доаѓа во BIOS Automotive
Позиционирањето е завршено
Дијагностика
Се прави комплетна дијагностика на возилото.
Ова е стандардна постапка пред секој tuning.
Возилото пред да се тјунира, мора да биде во ТОП-форма што се однесува на евентуални грешки во ECU (моторниот контролер).
Софтверот кој ќе биде пратен на обработка мора да биде без ниеден DTC код (код на грешка).
Оваа постапка е бесплатна и се работи во BOSCH Automotive дијагностичка опрема од најнов тип.
SW Update
Се прави комплетен Readout на моменталниот софтвер кој се наоѓа во ECU (Електронска Единица за контрола на мониторот).
Доколку софтверот не е најнов, се инсталира последниот-најнов софтвер за конкретниот модел и мотор, кој е од оригиналниот производител на возилото.
Ова е стандардна постапка пред да се пристапи на tuning-от и конкретното update-ирање е бесплатно.
Целта на оваа постапка е возилото пред да биде тјунирано, да биде со последната и најнапредна верзија на софтвер за конкретниот модел.
Vector Tuning
Оргиналниот софтвер (претходно направениот readout) се испраќа на тјунирање во VECTOR-TUNING.DE.
VECTOR е моментално бр.1 фирма во ЕУ што работи со tuning.VECTOR има стандардна соработка со AMG,BRABUS,SCHNITZER...поточно развојот на електрониката и софтверот за овие фирми специјализирани за tuning на конкретна марка возила го работи VECTOR.
VECTOR има експозитури во над 80 земји во светот, каде застапник за одредена земја може да биде само 1 фирма.
"BIOS Automotive" e овластен застпник на VECTOR-TUNING за Македонија.
Линкови:
http://www.vector-tuning.de
http://www.vector-tuning.de/kontakt_s.php
Процесирањето на оргиналниот софтвер продолжува VECTOR,Deutchland. Се интервенира на комплетната мапа што ја одредува работата на моторот. Се` што се работи е строго контролирано, 101% тестирано и е со TUV сертификат. Просторот за експерименти не е дозволен.
Вака тјунираниот софтвер се враќа во BIOS Automotive, заедно со спецификацијата на зголемената моќност (kW), вртежен момент (Nm) и намалена потрошувачка (l).
F1 Shift
Кај конкретниот модел на FERRARI, не се работи за „обичниот“ F430.
Ова е специјална серија на моделот F430 означена како F1.
Тоа значи дека буквално последните иновации што ги имаше Michel Schumacher во неговиот F1 болид се „преселени“ во овој „МОНСТРУМ“.
РОБОТИЗИРАН F1 МЕНУВАЧ со команди на волан, специјалниот селектор "MANETTINO" исто така позициониран на самиот волан со кој се бира режимот на работа на болидот, ненормално многу кевлар, специјалните F1 кочници и дискови и многу додатни работи кои едноставно не можат да се набројат...
Но, тоа што е многу битно во врска со тјунингот на F430 F1 е специјалниот F1 менувач.
Менувачот е РОБОТИЗИРАН и компјутерски контролиран и мора да се направи тјунинг и на F1 SCU модулот кој го контролира менувањето на брзини.
Оваа сложена операција каде нема место за грешки можат да го направат САМО 2 tuning компании во ЕУ.
Конечна проверка
Целосното програмирање е завршено.
Сега се прави уште една комплетна дијагностика како конечна проверка.
Финална контрола на работа на мотор
Излез
Целата процедура е завршена.
КОНЕЧНО, НАЈБРЗОТО ВОЗИЛО ВО МАКЕДОНИЈА ГО „НАПУШТА“ BIOS AUTOMOTIVE.
...потоа моравме да „ургираме“ во Македонија Пат да се смени асфалтот пред BIOS Automotive...!!!